Кошарка
28. October 2015 - 8:47

НБА: Стартуваше новата сезона

Со трите натпревари одиграни ноќеска стартуваше сезоната 2015/16 во најсилната светска кошаркарска лига – НБА.

Шампионот Голден Стејт лесно стигна до триумф над Њу Орлеанс,а МВП играчот на ланската сезона Кари постиггна 40 поени. Чикаго на домашен терен беше поуспешен од Кливленд, а единствената победа на гостински терен ја забележа Детроит на теренот на поранешниот тим на нашиот Перо Антиќ Атланта.

Постигнати резултати:

Голден Стејт – Њу Орлеанс 111:95,

Чикаго – Кливленд 97:95,

Атланта – Детроит 94:106.

Вечер се играат 14 натпревари.