Кошарка
20. November 2017 - 9:24

НБА: Шампионот славеше во Бруклин

39 поени на Стеф Кари за нова победа на Голден Стејт во НБА лигата. Триумф во Бруклин против Нетс од 118-111 на меч на кој актуелниот првак настапи без Кевин Дурент.

 Стеф Кари покрај  39- те поени,имаше и 11 скокови и седум асистенции.

Најефикасен во домашниот состав беше Ален Креб со 25 поени, оствари и седум скока.

По овој триумф, Голден Стејт се изедначи на врвот на табелата во Западната конференција со Хјустон Рокетс со биланс 13 победи и четири победи.

Од друга страна, Бруклин го запиша десеттиот пораз во 16. натпревар и се наоѓа на 13. место во пласманот на Запад.