Кошарка
15. December 2016 - 11:19

НБА: Сан Антонио ја „запиша“ победата број 20

Екипата на Сан Антонио е вториот тим од НБА лигата кој стигнал до 20 победи оваа сезона. „Спарс“ ноќеска на домашен терен беа подобри од Бостон. Повеќе победи 22 има само Голден Стејт.
 
Шампионот Кливленд загуби од Мемфис, но остана на врвот на Истокот пред Торонто кој е се поблиску до лидерското место.
 
Резултати на десетте натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
 
Мајами - Индијана 95:89, 
Орландо - ЛА Клиперс 108:113, 
Филаделфија - Торонто 114:123, 
Вашингтон - Шарлот 109:106, 
Бруклин - ЛА Лејкерс 107:97,
Хјустон - Сакраменто 132:98,
Мемфис - Кливленд 93:85,
Далас - Детроит 85:95,
Јута - Оклахома 109:89, 
Сан Aнтонио - Бостон 108:101.
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 18-6 (победи-порази),  Торонто 18-7, Њујорк 14-11, Чикаго 13-11, Шарлот 14-12, Бостон 13-12, Детроит 14-13, Индијана 13-13,...
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 22-4, Сан Антонио 20-5, ЛА Клиперс 19-7, Хјустон 19-7, Мемфис 18-9, Јута 16-10, Оклахома 15-11, Портланд 13-14,...