Кошарка
1. November 2017 - 9:09

НБА: Победи на Оклахома и ЛА Лејкерси

Оклахома на гостувањето кај Милвоки славеше со 110:91 и ја забележа третата победа во последните четири натпревари.Пол Џорџ со 20 поени беше најефикасен, Кармело Ентони запиша 17 поени и 8 скока, додека Расел Вестбрук беше на чекор до уште еден трип-дабл, имаше 12 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа низата од три победи на Детроит Пистонс, откако ноќеска на свој терен беа подобри со убедливи 113:93.

Клучната предност Лејкерс ја направија во втората делница (33:23), а во продолжението на мечот само ја потврдија победата. За тимот од Лос Анџелес ова беше трет триумф на седумте натпревари оваа сезона во НБА лигата. Детроит го претрпе третиот пораз во осмиот свој дуел во тековната сезона.

НА преостанатите два меча Индијана  го совлада Сакраменто со 101:83, а во најефикасниот натпревар Бруклин загуби од Феникс со 114:122,