-->
-->
НБА: Победи на Кливленд и Оклахома
-->
Во ноќта помеѓу средата и четвртокот сигурни победи забележаа Оклахома, Кливленд, Торонто, Чикаго и Индијана.
Оклахома славеше над Далас (116:103). Шест играчи на Оклахома постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни со по 24 кошеви беа Дурент и Вестбрук.
Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс постигнаа по 23 победи во триумфот на Кливленд над Шарлот (114:103).
Индијана славеше над Њујорк (108:105), благодарение на Пол Џорџ кој 25 од своите 27 поени постигна во второто полувреме.
Торонто на крилјата на Демар Дерозан (31 поен) триумфираше над Минесота (114:105).
На другите натпревари: Детроит лесно се справи со Филаделфија (111:91), Мемфис во ЛА славеше над Лејкерси (128:119), Чикаго со тимска игра го порази Вашингтон (109:104), Сан Антонио го победи Сакраменто (108:92), а Денвер ги изненади Клиперси (87:81).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата