Кошарка
4. December 2017 - 10:00

НБА: Победи на Г.Стејт и Хјустон

Ефикасно и убедливо одиграа кошаркарите на Голден Стејт и Хјустон во синоќешните средби од најсилната кошаркарска лига.
Шампионот предводен од Стеф Кари кој постигна 30 поени славеше кај Мајами со 123-95 додека Хјустон дојде до 18-тата победа во Лос Анџелес каде беше подобар од домашниот тим на Лејкерс со 118-95.
Повторно доминираше Џејмс Харден со 36 поени и 9 асистенции.