Кошарка
18. April 2017 - 10:11

НБА плеј оф: Втора победа за Кливленд и Сан Антонио

Шампионот Кливленд и Сан Антонио ги добија и вторите дуели на домашен терен од првото коло во разигрувањето за титулата во НБА лигата.
 
Кливленд по втор пат беше подобар од Индијана, овој пат со 117:111. Шампионот во последната четвртина влезе со 18 поени предност што се покажа како недостижно за Индијана која се избори за пристоен пораз.
 
Ударното трио на Кливленд Ирвинг-Лав-Џејмс постигна 89 поени, додека кај гостите Пол Џорџ со 32 поени беше најефикасниот кошаркар.
 
На вториот дуел ноќеска Сан Антонио го совлада Мемфис со 96:82,а Каваи Ленард реализираше за него рекордни 37 поени во плеј офот.
 
Плеј-оф во НБА лигата 1.коло:
 
Исток: Кливленд – Индијана 117:111 (2-0 во победи).
 
Запад: Сан Антонио – Мемфис 96:82 (2-0).
 
Серијата трае до четири победи.