Кошарка
24. May 2016 - 18:25

НБА плеј оф: Торонто изедначи во финалето на Исток (2-2)

Екипата на Торонто ноќеска го победија Кливленд со 105:99 со што го израмни резултатот на 2-2 во победи во финалето на плеј-офот од Источната конференција.

Кајл Лаури со 35 поени и ДеМар ДеРозан со 32 постигнати поени беа најефикасни во канадскиот тим.  Кај Кливледн Леброн Џејмс даде 29, додека Кајри Ирвинг постигна 26 поени.

Следниот натпревар се игра ноќта среда кон четврток на теренот на Кливленд.

А, вечерва во финалето на Западната конференција, ќе се игра четвртиот дуел меѓу Оклахома Сити и Голден Стејт во кој екипата на Оклахома ќе влезе со предност од 2-1 во победи.