Кошарка
24. May 2016 - 7:24

НБА плеј оф: Торонто изедначи во финалето на Исток (2-2)

Кошаркарите на Торонто со победата ноќеска од 105:99 (27:24; 30:17; 21:28; 27:30) над Кливленд го изедначија резултатот на 2-2 во победи во финалето на Исток и ја искористија предноста на домашен терен. До триумфот Торнто стигна откако во последните пет минути прими само три поени, а имаше серија од 11:3 во тој период.

Најефикасен беше Кајли Лаври со 35 поени, додека ДеМар ДеРозан постигна 32. Леброн Џејмс кај Кливленд „уфрли 29“ поени.
Следниот натпревар се игра во среда на теренот на Кливленд, а вечерва во финалето на Запад натпреварот број 4 го играат Оклахома Сити и Голден Стејт (2-1 за Оклахома Сити).