Кошарка
25. April 2016 - 8:05

НБА плеј оф: Сан Антонио и Кливленд со „метла“ во второто коло

Кошаркарите на Сан Антонио и на Кливленд со „метла“ и максимални 4-0 ги победија ривалите во првото коло од плеј офот. Сан Антонио беше подобар од Мемфис, додека Кливленд беше подобар од Детроит.

Синоќа Сан Антонио го победи Мемфис на негов терен со 116:95, додека Кливленд беше подобар од Детроит со 100:98.
Со предност од 3-1 по двете гостувања во Хјустон се враќа првакот Голден Стејт, но и со неизвесност околу настапот на најдобриот играч Стеф Кари. Голден Стејт го победи Хјустон со 121:94 (решавачка беше третата четвртина која Г.Стејт ја доби со 41:20).
На четвртиот натпревар одигран синоќа Бостон ја победи Атланта со 104:95 и изедначи на 2-2.