Кошарка
21. April 2017 - 11:30

НБА плеј оф: Леброн го „однесе“ Кливленд до третата победа над Индијана

Леброн Џејмс беше јунакот во победата на Кливленд ноќеска над Индијана во натпревар на кој се случи најголемиот пресврт во историјата на плеј-офот од НБА лигата. Шампионот на почетокот на третиот период губеше со 26 поени разлика, за на крајот да стигне до голем триумф.
 
Џејмс натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ ефект – 41 поен, 13 скока и 12 асистенции.
 
Воедно, тој сега има 5.670 поени со што го мина Коби Брајант (5.640) на 3.место на листата на најдобрите стрелци во плеј-офот. Пред него се уште Карим Абдул Џабар со 5.762 и Мајкл Џордан со 5.987 поени.
 
Кливленд по оваа победа се наоѓа на чекор до пласман во конференциското полуфинале.
 
Резултати на натпреварите одиграни ноќеска:
 
Индијана – Кливелнд 114:119 (0-3 во победи);
 
Милвоки – Торонто 104:77 (2-1);
 
Мемфис – Сан Антонио 105:94 (1-2).
 
Се игра во четири добиени натпревари.