Кошарка
18. May 2017 - 9:09

НБА плеј оф: Кливленд продолжува без пораз

Кошаркарите на Кливленд со победа го почнаа финалето на Исток откако ноќеска го совладаа Бостон на негов терен со 117:104. Актуелниот шампион има серија од 9-0 во победи во годинашниов плеј оф и „ги брка“ ланските 10-0.

Кливленд водеше во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 61:39. Леброн Џејмс и Кевин Лав постигнаа заедно 70 поени (Џејмс 38, Лав 32).
Следниот натпревар се игра во петок, а домаќин повторно е Бостон.