Кошарка
23. May 2017 - 8:18

НБА плеј оф: Голден Стејт третпат по ред во големото финале

Кошаркарите на Голден Стејт трета сезона по ред ќе играат во финалето на НБА лигата и со тоа имаа можност да стигнат до освојување на шампионската титула. Ноќеска во натпреварот број 4 од финалето на Запад го совладаа Сан Антонио со 129:115 и со максимални 4-0 го победи ривалот. Со исклучок на воведните минути кога домашните имаа водство во текот на целиот дуел предводени од Стеф Кари, Голден Стејт имаше предност.

Кари натпреварот го заврши со 36 поени, а Кевин Дјурант, кој ќе го игра првото финале постигна 29.
Повредите го спречија Сан Антонио да стигне барем до една победа, па така на овој натпревар најефикасен беше играчот од клупата Кајл Андресон со 20 поени, а ветеранот Ману Џинобили постигна 15.
Голден Стејт е првиот тим што до финалето стигна со скор од 12-0 во победи во плеј офот.
Вечерва се игра натпреварот број 4 од финалето на Исток. Кливленд е домаќин против Бостон и води со 2-1 во победи.