-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт „отвори“ со тешка победа над Портланд
-->
Кошаркарите на Голден Стејт со многу напор стигнаа до првата победа сезонава во плеј офот откако го совладаа Портланд со 121:109, но отпорот на ривалот беше скршен во последните две минути, иако Голден Стејт водеше во поголемиот дел од натпреварот.
Најдобри во домашниот тим беа Кевин Дјурант со 32 поена и 10 скокови и Дрејмонд Грин со 19 поени, 12 скока и 9 асистенции. Овој тандем во завршницата на натпреварот беше енигма за ривалите. Во редовите на Портланд одличен натпревар одиграа: Си Џеј Мек Калум со 41 поен и Дамиан Лилард со 34.
На вториот дуел од Запад Хјустон ја совлада Оклахома Сити со високи 118:87. Џејмс Харден (Хјустон) постигна 37 поени, а Расел Вестбрук (Оклахома Сити) 22.
На Исток тимот со број 1 Бостон загуби во првиот домашен натпревар од Чикаго со 106:102. Џими Батлер (Чикаго) постигна 30 поени, но имаше подобра помош од соиграчите за разлика од Ајзеа Томас (Бостон), кој реализраше 33 поени.
Вашингтон ја совлада Атланта со 114:107, а Џон Вол постигна 32 поена со 14 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право