Кошарка
19. April 2017 - 9:50

НБА плеј оф: Чикаго со два брејка против Бостон

Кошаркарите на Чикаго поведоа со 2-0 во победи во првото коло од плеј офот против Бостон откако ноќеска во вториот натпревар на гости ја постигнаа втората победа. „Биковите“ победија со 111:97, а комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени. Џими Батлер и Двејн Вејд реализираа по 22 поена. Следните два натпревара се играат на теренот на Чикаго, кој ќе има голема предност да стигне до четири победи и пласман во следната рунда.
На вториот дуел одигран ноќеска на „Исток„ Торонто го совлада на домашен терен Милвоки со 106:100, а најпрецизен кај домашниот тим беше ДеМар ДеРозан со 23 поени. Милвоки е домаќин на двата дуела што следуваат.
На „Запад“ се одигра еден дуел и победа од 99:91 пред своите навивачи оствари и ЛА Клиперс во дуелот со Јута, а најмногу поени постигна играчот на „клиперси“ Блејк Грифин – 24.
Следните два натпревара се играат на теренот на Јута.
 
Резултати:  
(Исток) Бостон – Чикаго 97:111 (0-2 победи),
Торонто – Милвоки 106:100 (1-1);
(Запад) ЛА Клиперс – Јута 99:91 (1-1).