Кошарка
27. April 2017 - 9:23

НБА плеј оф: Бостон и Вашингтон имаат водство од 3-2

Екипите на Бостон и на Вашингтон ноќеска постигнаа победи и имаат водство од 3-2 во серијата против Чикаго односно Атланта во НБА плеј-офот.
 
Бостон ја постигна првата домашна победа во разигрувањето за титулата сезонава откако на претходните два дуела загуби од Чикаго. По изедначените три четвртини во последната Бостон беше подобар со 29:16 и славеше триумф со 108:97.
 
Најефикасни кај победникот беа: Ејвери Бредли и Ајзеа Томас со по 24 поени, додека Двејн Вејд од Чикаго постигна 26 најмногу на натпреварот.
 
Вашингтон поведе со 3-2 против Атланта по триумфот од 103:99. Гостите од Атланта водство имаа до средина на вториот период, за потоа домаќинот Вашингтон да има контрола над резултатот.
 
Бредли Бил со 27 и Џон Вол со 20 поени беа најефикасни кај Вашингтон, додека Денис Шредер од Атланта реализираше 29 поени.
 
Резултати  Источна конференција – 1.коло:
 
Бостон – Чикаго 108:97 (3-2 во победи) и
 
Вашингтон – Атланта 103:99 (3-2)