Кошарка
19. February 2018 - 9:36

НБА: Ол стар викендот за Џејмс и неговата дружина

Заврши Ал стар викендот во НБА лигата и тоа со триумф на тимот на Леброн Џејмс.

Кошаркарските ѕвезди прикажаа атрактивна кошарка со многу атрактивни поени, интересни и забавни потези и на крајот завршница како да е плеј-оф меч за титула, го одбележа Ол-стар дуелот во Лос Анџелес. Екипата предводена од Леброн на крајот се радуваше на победа од 148:145, а токму Џејмс ја доби наградата за најкорисен играч на средбата. 

Ѕвездата на Кливленд на крајот заврши со 29 поени, 10 скока и осум асистенции, погодувајќи пет од последните седум поени за неговиот тим.

https://