Кошарка
6. December 2017 - 9:58

НБА: Оклахома успеа да победи по голема негатива

Кошаркарите на Оклахома одиграа уште еден возбудлив меч во НБА лигата и славеа против Јута со 100-94.
Џезерите водеа во еден момент дури со 17 поени разлика но не успеаја и да забележат победа.
Вестбрук стигна до седмиот трипл-дабл сезонава, откако зад неговото име стоеја 34 поени, 14 асистенции и 13 скока.

Резултати: Торонто - Феникс 126:113, Оклахома - Јута 100:94, Портланд - Вашингтон 92:106.