Кошарка
24. May 2017 - 10:13

НБА: Од минус 16 до трета победа

Кливленд успеа да го добие четвртиот меч од финалето на Истокот и да повред против Бостон 3-1. Кливленд во четвртиот меч славеше 112.99, иако во еден момент заостануваше зад противникот за 16 поени (33:49).
 
Бостон не издржа во Охајо и не успеа да внезе неизвесност во финалната серија на Истокот. Клевленд успеа да се врати од минусот во втората четвртина и да славеи благодарение на „големата тројка“.
 
Леброн Џејмс добар дел од натпреварот седеше на клупата, бидејќи бргу направи четири лични грешки. Неговот отсуство го искористи Кајри Ирвинг, кој со 21 поен во третата четвртина сам направи пресврт и минусот од 16 поени го претвори во плус за Кливленд од седум поени.
 
Кајри натпреварот го заврши со 42 поени, Леброн постигна 34, а Кевин Лав имаше „дабл-дабл“ од 17 поени и исто толку скокови.
 
Бостон го предводеше јвори Бредли со 19 поени.
 
Наредниот натпревар ќе се игра во Бостон, а на програмата е во ноќта помеѓу четврток и петок.