Кошарка
28. December 2015 - 8:41

НБА лига: Само Портланд победи на гости

На четирите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата единствено Портланд постигна победа на гости. На другите дуели домаќините се радуваа на триумфи.
Портланд до триумфот дојде откако по три четвртини беше нерешено (80:80), а во последните 12 минути во најнефикасната четврина беше подобар со 18:14. Предводник до победата беше СиЏеј Мек Калум со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции.
Ова за Портланд е втора победа во два дена откако претходно убедливо го совлада Кливленд на домашен терен.

Резултати:

Сакраменто – Портланд 94:98,

Оклахома Сити – Денвер 122:112,

Бостон – Њујорк 100:91,

Мемфис – ЛА Лејкерс 112:96.