Кошарка
2. December 2015 - 7:28

НБА лига: Прва радост за Филаделфија

Во 19.тиот натпревар сезонава кошаркарите на Филаделфија ја остварија првата победа откако ноќеска на домашен терен славеа над ЛА Лејекрс. Кај победникот најпрецизен беше Ковингтон со 23 поени, додека Коби Брајант за „езерџиите“ постигна 20.

 

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: 

Филаделфија – ЛА Лејкерс 103:91,

Кливленд – Вашингтон 85:97,

Њу Орлеанс – Мемфис 104:113, 

Бруклин – Феникс 94:91, 

Минесота – Орландо 93:96, 

Далас – Портланд 115:112 (продолжение).