Кошарка
2. April 2017 - 9:59

НБА лига: Портланд „реди“ победи

Кошаркарите на Портланд се наоѓаат вос ерија од шест победи и со тоа имаат најголеми шанси да го заземат последното – осмо место кое носи пласман во плеј офот од Западната конференција. Тие имаат три победи повеќе од конкурентот Денвер. Во победата ноќеска над Феникс најефикасен беше Дамиан Лилард со 31 поен.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Портланд – Феникс 130:117, Бруклин – Орландо 121:11, Минесота – Сакраменто 117:123, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 115:104 и Чикаго – Атланта 106:104.
Пласман Источна конференција: Бостон 49-27 (победи-порази), Кливленд 48-27, Торонто 46-30, Вашингтон 46-30, Милвоки 40-36, Атланта 39-37, Чикаго 37-39,  Мајами 37-39, Индијана 37-39,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 62-14, Сан Антонио 58-17, Хјустон 51-25, Јута 47-29, ЛА Клиперс 47-31, Оклахома Сити 43-32, Мемфис 42-34, Портланд 38-38, Денвер 35-40,...