Кошарка
9. December 2015 - 8:47

НБА лига: Нова 23-та победа за Голден Стејт

Кошаркарите на НБА првакот Голден Стејт ја продолжија серијата победи од стартот на сезоната и ноќеска се радуваа по 23-ти пат. Совладана беше Индијана, кошаркарите на ГС во првото полувреме постигнаа вкупно 79 поени. Клеј Томсон имаше рекордни сезонава 39 поени, додека Стеф Кари постигна 29. Кај Индијана Пол Џорџ постигна 33 поени.

Слениот натпревар Голден Стејт го игра против Бостон.
Голден Стејт има скор од 23-0 (победи-порази).
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Индијана - Голден Стејт 123:131,
Кливленд - Портланд 105:100,
Бруклин - Хјустон 110:105, 
Мемфис -ОКлахома Сити 88:125,
Денвер - Орландо 74:85, 
Сакраменто - Јута 114:106.