Кошарка
30. March 2016 - 9:21

НБА лига: Голден Стејт дојде до 67.та победа, Атланта во плеј офот

Кошаркарите на шампионот Голден Стејт ја запишаа и 67.та победа или 36.та домашна оваа сезона. Ноќеска беше совладан Вашингтон, а токму тој пораз на Вашингтон ја промовираше Атланта во учесник на плеј офот како трета екипа од Исток.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Индијана - Чикаго 96:98,
Орландо - Бруклин 139:105,
Филаделфија - Шарлот 85:100, 
Детроит - Оклахома Сити 88:82,
Кливленд - Хјустон 100:106,
Голден Стејт - Вашингтон 102:94.