Кошарка
22. November 2017 - 10:52

НБА: Лејкерси се извлекоа против најслабиот тим во лигата

Нова драма во насилната кошаркарска лига во светот, НБА лигата се случи во ЛА каде гостуваше Чикаго. Најслабиот тим во првенството не успеа да победи иако во еден момент имаше водство од дури 19 поени. Лејкерси направија пресврти и славеа со 103-94.

 

 
Биковите од Чикаго, на почетокот на третата четвртина имаа предност од 61:42, но Лејкерси не се предадоа. Со серија од 38:19 стигнаа до нерешено, а потоа, на три минути до крајот и поведоа. На крајот, само еден поен фалеше за ЛА да слави со двоцифрена разлика. 
 
Кејли Кузма даде 22 поени и беше предводник во тимот на ЛА Лејкерс, кој стигна до 8 победа во 18 меч. Чикаго остана најслабиот тим во НБА сезонава, со само три победи во 15 дуели.