Кошарка
2. March 2017 - 8:56

НБА: Кога ќе се разигра Харден

Нова блескава партија на Џејмс Харден , овојпат на гостувањето кај Клиперси во Лос Анџелес каде Хјустон славеше со 
 122:103 и со тоа се зацврстија на третото место во Западната конференција.
 
Во редовите на „ракетите“ блескаше  Харден кој  за 35 минути на теренот постигна 26 кошеви и додаде девет асистенции, „ракетите" дојдоа до 40. победа. Кај домаќините единствено настап за издвојување имаше Крис Пол кој имаше дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 асистенции.