Кошарка
18. October 2017 - 12:59

НБА: Кливленд старуваше со победа во новата сезона, пораз за Голден Стејт

Кошаркарите на Кливленд постигнаа победа од 102:99 во првиот годинашен натпревар во НБА лигата. Ланскиот финалист успеа да триумфира против екипата на Босотн, а предводник во победата беше Леброн Џејмс кој имаше 19 поени, 16 скокови и 9 асистенции. Кај Бостон најефикасен беше Џејлен Браун со 25 поени, додека досегашниот играч на Кливленд Кајри Ирвинг во првиот натпревар во дрсот на Бостон постигна 22 поена со 10 скока.
Неизвесен натпревар одиграа Хјустон и Голден Стејт, а победа од 122:121 оствари Хјустон. Кевин Дјурант постигна кош за победа на шампионот, но неговиот удар беше по истекот на времето за крај на натпреварот.