Кошарка
5. December 2016 - 14:49

НБА: Индијана победи на теренот на ЛА Клиперс

Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари, а најголемото изненадување го направи Индијана со триумфот на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.
 
Уште една одлична партија прикажа и Расал Вестбрук во дресот на Оклахома. Тој забележа нов трипл-дабл со 28 поени, 17 скока и 12 асистенции. За Вестбрук ова беше петти троен ефект во низа или вкупно десетти сезонава.
 
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:
Детроит – Орландо 92:98,
Оклахома – Њу Орлеанс 101:92,
Њујорк – Сакраменто 106:98, 
ЛА Клиперс – Индијана 102:111.
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 17-3, Сан Антонио 16-4, ЛА Клиперс 16-6, Хјустон 13-7, Мемфис 13-8, Оклахома 13-8, Јута 12-9, Портланд 11-10,...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 13-5 (победи-порази), Торонто 14-6, Бостон 12-8, Чикаго 11-8, Милвоки 10-8, Шарлот 11-9, Њујорк 11-9, Детроит 11-11,...