Кошарка
25. November 2015 - 14:19

НБА: „Хокси“ го повлекоа дресот на Мутомбо

Раководството на Атланта одлучи да го повлече дресот со број 55 во чест на славниот кошаркар Дикембе Мутомбо.  Конгоанецот Дикембе Мутомбо Мполондо Мубакмба Жан - Жак Вамутомбо дојде во Атланта во 1996 година како слободен агент по 5 сезони во Денвер. 
Четвртиот пик од драфтот во 1991 година следните 12 сезони ги мина во Џорџија а потоа играше и за Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон пред да се пензионира во 2009г. 
„ Никогаш не помислив дека ќе го пензионираат мојот дрес. Моето име овде ќе остане засекогаш“ изјави Мутомбо за време на церемонијата на полувремето од мечот помеѓу Хокси и Селтикс. 
Четири пати е прогласуван за најдобар дефанзивец во НБА лигата и играше на 8 Ал стар средби. Беше познат по блокадите а сега е во Конго каде има изградено болница која се грижи за 140 000 луѓе.