Кошарка
18. October 2017 - 12:51

НБА: Хјустон без пардон против шампионот

Новата сезона во НБА лигата почна со победата на Кливленд над Бостон во дербито на Истокот и триумфот на Хјустон во дуелот со бранителот на титулата, Голден стејт вориорс.
 
Хјустон упеа да направи голем пресврт, да надомести негатива од 17 поени и да запише победа над Голден стејт 122:121. Кевин Дурент го погоди последниот шут за победа на Голден стејт, но топката ја исфрли по истекот на времето.
 
Голден стеј, со исклучок на почетното водство на Хјустон, имаше предност до самиот финиш, кога Такер поентираше за 122:121 на 44 секуди до крајот на мечот. Потоа Харден не реализира за три поени, а шутот на Дурент за победа беше упатен по истекот на времето.
 
Харден го предводеше Хјустон со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, три поени помалку постигна Гордон, а Такер уфрли 20 кошеви.
 
Во редовите на шампионот само четворица играчи беа расположени за игра: Ник Јанг беше најефикасен со 23 поени, поен помалку уфрли Кари, Дурент имаше ефект од 20 поени, 5 скока и 7 асистенции, а Томпсон заврши со 16 поени.