Loading Video...
Кошарка
21. March 2018 - 18:56

НБА: Харден со 42 поени му „пресуди“ на Портланд

Кошаркарите на Хјустон славеа во  Портланд  со 115:111 и ставија крај на серијата од 13 победи во низа на Блејзерси.
 
Ова беше уште една голема партија на  Џејмс Харден кој беше ѕвезда на вечерта. Харден кој според експертите ќе ја освои титулата најкорисен играч  оваа сезона постигна 42 поени заедно со  седум асистенции и шест скока. Зад него беше Крис Пол со 22 поени, осум скока и шест асистенции, додека Ерик Гордон имаше 18 поени. На другата страна Фарук Амини имаше 22 поени, додека Нуркиќ забележа дабл-дабл од 21 поен и 11 скока.
 
Интересен дуел одиграа и Бостон и Оклахома на кој домашните славеа со 100-99