Кошарка
25. November 2015 - 19:41

НБА: Голден Стејт со рекордни 16 победи на стартот од сезоната

Голден Стејт е првиот тим што остварил 16 победи во низа од почетокот на една сезона и со тоа стана нов рекордер во оваа категорија во најсилната светска кошаркарска лига – НБА.

Досега рекордот по стартни победи во една сезона го држеа Вашингтон (сезона 1948/49) и Хјустон (1993/94) со 15 успешни настапи.

До 16-тата победа актуелниот шампион стигна ноќеска на свој терен против ЛА Лејкерес на убедлив начин со 111:77.
Најдобар играч во победничкиот состав беше Стеф Кари со 24 поени и девет асистенции.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта вторник кон среда:

Вашингтон – Индијана 106:123,
Атланта – Бостон 121:97,
Мемфис – Далас 110:96,
Денвер – ЛА Клиперс 94:111,
Портланд – Чикаго 88:93 и 
Голден Стејт - ЛА Лејкерс 111:77.

Пласман Источна конференција: Кливленд 11-3 (победи-порази), Мајами 9-4, Чикаго 9-4, Индијана 9-5, Атланта 10-6, Торонто 9-6, Шарлот 8-6, Вашингтон 6-5,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-0 (победи-порази), Сан Антонио 11-3, Оклахома Сити 9-6, Далас 9-6, Мемфис 8-7, Феникс 7-7, ЛА Клиперс 7-7, Јута 6-7,...