Кошарка
23. December 2016 - 10:05

НБА: Голден Стејт победи со 16 поени, а имаше негатива од 16 поени на полувреме

Во НБА лигата ноќеска се одиграа пет натпревари, а на две до победите стигнаа екипите на Голден Стејт и на Мајами откако имаа и висока двоцифрена негатива. Голден Стејт на полувремето кај Бруклин губеше со 16 разлика (49:65), но во вториот дел прими само 36 поени и дуелот го доби со 16 разлика (117:101).
Мајами на почетокот на вториот период дома имаше негатива од 19 поени против ЛА Лејкерс (23:42), а на крајот се радуваше на триумф од 8 поени (115:107).
 
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
ЛА Клиперс – Сан Антонио 106:101,
Мајами – ЛА Лејкерс 115:107,
Њујорк – Орландо 106:95,
Бруклин – Голден Стејт 101:117 и
Индијана – Бостон 102:109.
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 21-6 (победи - порази), Торонто 20-8, Бостон 17-12, Шарлот 16-13, Њујорк 16-13, Чикаго 14-14, Индијана 15-16, Атланта 14-15,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 26-4, Сан Антонио 23-6, ЛА Клиперс 22-8, Хјустон 22-8, Мемфис 19-12, Јута 18-12, Оклахома Сити 17-12, Портланд 13-18,...