Кошарка
28. November 2015 - 9:56

НБА: Голден Стејт 17-0, Филаделфија ја продолжи низата порази

Шампионот на НБА лига Голден Стејт забележа уште една победа и сега има серија од 17-0 на стартот од новата сезона. За разлика од нив Филаделфија го забележа 17-тиот пораз и сеуште е без победа во новата сезона.

Во победата на Голден Стејт најдобар беше Стеф Кари со 41, поен додека кај Феникс Дрејмонд Грин имаше „трипл-дабл“ 14 поени и по 10 скокови и асистенции (вторпат сезонава).
Резултати на ноќешните дуели:
Шарлот - Кливленд 90:95,
Орландо - Милвоки 114:90,
Бостон - Вашингтон 111:78,
Њујорк - Мајами 78:97,
Индијана - Чикаго 104:92, 
Хјустон - Филаделфија 116:114, 
Мемфис - Атланта 101:116,
Оклахома Сити - Детроит 103:87,
Денвер - Сан Антонио 80:91,
Феникс - Голден Стејт 116:135,
Сакраменто - Минесота 91:101,
ЛА Клиперс - Њу Орлеанс 111:90.