-->
-->
НБА: Дурент уште две сезони во Вориорс
-->
Кевин Дурент, МВП на последната финална серија, ќе го продолжи својот договор со актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс на уште две сезони.
Според ЕСПН, Дурент за две години ќе заработи 53 милиони долари, што е за девет милиони помалку од максималната сума која можеше да ја добие.
Дурет се се согласил на помала плата за да му овозможи на тимот да ги продолжи договорите со двајца важни играчи во ротацијата, Андре Игудала и Шон Ливингстон. Овие двајца потпишаа нови тригодишни договори за 48, односно 24 милиони долари.
Во договорот на Дурент е вметната опцијата тој по истекот на првата година да може да го тестира пазарот како слободен агент.
Според ЕСПН Дурент годишно ќе заработува помеѓу 25 и 26 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд