Кошарка
18. November 2017 - 11:02

НБА: Драма и продолжение во Кливленд

Драматичен меч полн пресврти и возбудување одиграа Кливленд и ЛА Клиперс на ккој на крајот се радуваа „коњаниците“ кои

по продолжение го совладаа ЛА Клиперс со 118:113 за четврта победа во низа. Гостите од ЛА водеа цели 48 минути а мечот го отворија со серија од 12-0. Имаа и предност од 15 поени (81:66), а единственото изедначување на мечот го донесе Леброн Џејмс, на 47 секунди до крајот погоди тројка за продолжение (105:105).

Во дополнителните пет минути, Лав погоди две тројки по ред за водство на Кливленд од 114:107 на помалку од две минути до крајот, кога беше јасно дека Клиперси нема да се вртата. Последниот обид го направи Лу Вилијамс намали на 114:111, но Џејмс веднаш ги реши сите дилеми.

Леброн мечот го заврши со 39 поени, 14 скока и 6 асистенции, Лав броеше до 25 поени, додека Вејд запиша 23 поени, 11 скока и 5 асистенции. Во седмиот пораз во низа на Клиперси, првата петорка постигна 87 поени од вкупните 113 поени. Најефиксен беше Блејк Грифин со 23 поени, 12 скока и 5 асистенции. Џордан постигна 20 поени со 22 скока, додека Риверс застана на 16