-->
-->
НБА: Детроит по две продолженија го победи Портланд
-->
Највозбудливиот натпревар на вечерта во НБА лигата го одиграат Портланд и Детроит, а победа по две продолженија славеа гостите. Во второто продолжение Калдвел - Поуп постигна две тројки за триумф на Детроит откако Портланд водеше со 124:119. Реџи Џексон имаше 31 поен, а Андре Драмонд 28 поени и 14 скокови.
Џејмс Харден запиша нов „трипл - дабл“ во победата на Хјустон: 40 поени, 10 скокови и 11 асистенции, но и 10 загубени топки.
Кливленд го победи Феникс, а триото Леброн Џејмс (28), Кајри Ирвинг (27) и Кевин Лав (25) уфрлија 80 поени.
Филаделфија ја постигна 10.та победа сезонава колку што имаше лани во текот на целата сезона.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Бруклин - Филаделфија 95:105,
Милвоки - Вашингтон 101:107,
ЛА Клиперс - Мајами 98:86,
Торонто - Хјустон 122:129,
Мемфис - Јута 88:79,
Феникс - Кливленд 116:120,
Портланд - Детроит 124:125 (две продолженија) (видео),
Сакраменто - Голден Стејт 106:117,
ЛАЛејкерс - Орландо 111:95.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња