Кошарка
7. November 2017 - 13:10

НБА: Бостон во серија од девет победи

Кошаркарите на Бостон постигнаа нова победа вкупно деветта сезонава и се тим со најдобар скор (9-2). Со тоа што по двата стартни порази Бостон има девет победи. На гостувањето кај Атланта, Бостон победи со 110:107. Најдобар поединец на дуелот беше Кајри Ирвинг со 35 поени и 7 асистенции. Победничката екипа по 25-та промена на водството на 1:37 минута докрај успеа да ја залува предноста откако тројка реализираше Ирвинг. 
Првакот Голден Стејт на домашен терен убедливо го совлада Мајами со 97:80, додека Бруклин победи на гости кај Феникс со 98:92.