Кошарка
2. December 2017 - 11:04

НБА: Богдановиќ ја реши драмата во Сакраменто

Во драматичен меч екипата на Сакраменто успеа да го совлада Чикаго со 107-106 во синоќешното издание од НБА лигата.
Јунак на кралевите беше српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ кој со две слободни фрлања ја донесе победата на својот тим, 7-ма оваа сезона.
Богдановиќ мечот го заврши со 19 поени а најефикасен беше Зак Рендолф со 25.