Фудбал
21. February 2016 - 18:30

Навивачка пресметка на „Стража“

Голема навивачка пресметка се случи денеска на превојот Стража на патот Гостивар-Кичево кога случајно се сретнаа навивачи на фудбалскиот клуб Шкендија и црногорскиот ракометен клуб Будуќност. Средбата резултирала со масовна тепачка и голем број повредени.
 
„Балисти“ со повеќе автобуси патувале кон Кичево каде Шкендија денеска играше прволигашки натпревар против Турново, додека членови на навивачката група „Варвари“ од Црна Гора патувале кон Скопје каде Будуќност вечерва му гостува на Вардар во женската Лига на шампиони.
 
Меѓусебната физичка пресметка според неофицијални информации резултирала со 13 повредени, од кои 11 припадници на „Варвари“, а двајца од нив биле хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.
https://