Живот
19. January 2018 - 18:17

Навивачи на Србија на отварањето на Европското: Се правевме англичани во сплитскиот пекол!

Натпреварот од првото коло на Европското првенство во ракомет помеѓу домаќинот Хрватска и Србија на трибините го следеа 12000 навивачи, а помеѓу нив се нашле и неколкумина кои ги бодреле„орлите“.

Еден од нив бил и Ставро Рашковиќ , поранешен ракометарна партизан, кој сега обавува функција претседател на Управен одбор на ракометниот клуб Раднички 1964 од Крагуевац, а кој во разговор со „Ало!Спринт“ открива како тоа навистина изгледало.

- Тоа беше едедн од поголемите авантурисички подфати. Се договоривме да не користиме такси, односно секаде да одиме пешки, само за да ја почувствуваме атосферата подобро. А таа беше пеколна. Како и во арената така и низ целиот град, ја почува приказната Рашковиќ и продолжува.

- Првиот ден кога пристигнавме во Хрватска, разговаравме помеѓу себе на англиски јазик, а така и порачувавме пиење во кафулињата. Во градот не смеевме да се јавува на телефон, за никој да не слушне дека зборуваме српски. Покасно, во текот на викендот, кога помина тензијата, нормално го користевме српскиот и сите добро не прифатија.

Во текот на пробивањето низ толпата хрватски навивачи еден од пријателите на Ставро се згубил, што била  најнапнатата ситуација.

- Бевме буквално во толпата нивни навивачи на улицата и во еден момент сфативме дека го изгубивме пријателот, кој се вика Никола. Не сакавме така да го викаме, туку почнавме да викаме: „Стипе, Стипее...“. Тој кога слушнал дека некој вика и кога видел дека тоа сме ние, дојде до нас и ни кажа: „Добро сте го смислиле тоа“. Сите се смеевме. Случјно ако сфатеа дека сме од Србија, ќе не фрлеа во Јадранот.

Групата српски навивачи била сместена во еден дел од ложата на „Спаладиум арена“, каде истакнале и тробојка.

- Против Хравтска не имаше 11, а против Шведска 9, се заедно со луѓето од амбасадата и членовите на Ракометниот сојуз. На натпреварот против Хрватска во ложата беше и нашето знаме, но ни пријдоа некои момци и ни кажаа да го тргнеме. Не ни се закануваа, ниту пак пцуеа, туку смао ни кажаа да го тргнеме. Меѓутоа, веднаш се појавија обезбедувањето, ги отстрани и до крајот на натпреварот немаше никакви проблеми, а против Шведска дури можевме и да аплаудираме кога ќе дадевме гол. Беше опуштено, вели Рашквиќ.

Домаќините го сокрија автомобилот

Ставро и неговите пријатели во Сплит отишле со приватен автомобил со српски регистарски ознаки, а во неговото камуфлирање многу им помогнале и домаќините.

- Автомобилот за целот наш престој во Сплит беше паркиран на улица. Меѓутоа, нашите домаќини ги паркираа нивните автомобили пред и позади нашиот, така што никој не можеше да ги види нашите српски таблици. Ни зборуваа дека не треба да се грижиме, открива Рашковиќ.