Фудбал
6. September 2016 - 12:33

Навивач починал на натпреварот Албанија- Македонија

По синоќешниот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во Скадар починало едно лице, јавуваат албанските медиуми.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за албански навивач од Косово, а до несреќата дошло откако лицето К.Ш (64) допрел бандера под висок електричен напон.

Инаку, несреќата се случила раните утрински часови.