Наутро пекол потоа невреме - временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната температура од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 34 степени.
И во среда ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на локален дожд со грмежи. Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо, со дневна температура од 23 до 29 степени. Од петок времето ќе се стабилизира, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк