Балкан
23. November 2017 - 15:08

Научниците предвидуваат: Ќе се тресе регионот во 2018 година од силни земјотреси

Експертите во САД највавија дека успорувањето на Земјината ротација во 2018 година ќе доведе до серија разорни земјотреси во кои може да настрадаат најмалку милјарда луѓе.

Српските научници не го делат ставот со американските колеги од универзитетите во Колорадо и Монтана, кои неодамна објавија вознемирувачки податоци - дека успорувањето на земјината ротација во 2018 година ќе доведе до разорни земјотреси со милионски жртви.

Бранко Драгичевиќ, заменик директорот на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, за ова катастрофално сценарио, за српски Курир вели дека ниту една сериозна сеизмолошка институција на светот не се занимава во такви предвидувања, како што ги изнесоа американските научници, и дека не се знае на основа на што донеле таков заклучок.

Лошо одржување

Што се однесува до Србија, Драгичевиќ наведува дека сеизмичката опасност е непроменета, а опасноста од земјотреси, според анализите му се заканува на Копаоник, Свилајнац, Александрова, Краљево, Јагодина, Лозница, Нови Пазар и Чачак, додека најниска сеизмичка опасност има во источна Србија и во делот на Бачка.

-Земјотресите не можат да се предвидат, но во основа анализите може да го навестат местото и неочекуваниот интензитет и магнитудите. Не може да се предвиди денот кога и каде тој ќе се случи. Постои високо ниво на сеизмичка опасност на територијата на Србија. Реално е на овој простор да се очекуваат магнитуди и до 5,9 степени, и најмногу 6 по Рихтер, зошто земјотреси со таа јачина веќе се случуваа. Карактеристиките на земјотресите е што се случуваат на места каде веќе се случувале и во минатото, вели Драгичевиќ.

Според неговите зборови, какви последици ќе имаат земјотресите, освен од јачината зависи од от тоа дали ќе се случат во рурална или градска средина, на која длабочина и оддалеченост од објектите.

-Ако земјотресот се случи во урбана средина, на територијата на град, тогаш сосема поинаку ќе биде отколку да е, на пример во Мионица, во руралниот дел. Во најголема опасност се старите објекти, потоа оние кои се градени пред донесувањето на прописите и кај оние при чија градба не се почитувани прописите, како и објектите кои се лошо одржувани и лошо адаптирани, наведува соговорникот.

Сеизмички ризик

Тој додава дека единствено што може да се влијае се последиците и сеизмичкиот ризик:

-Сеизмичкиот ризик зависи толкму од ранливоста на објектите од отпорност и едукација на жителите. Што се однесува на сеизмичката опасност во Србија, таа се уште е иста и непроменета, сеизмичка опасност не се менува во текот на геолошката историја, заклучува Драгичевиќ.

Земјотресот во Краљево

Последниот земјотрес во Србија кој однесе човечки животи е забележан на 3. ноември 2010 година во Краљево кога две лица загинаа, а околу 200 беа повредени. Земјотресот беше со јачина од 5,4 степени по Рихтерова скала. Во земјотересот над 800 објекти претрпеа тешки оштетувања, меѓу кои беа и училишта и здравствени установи. Епицентарот на земјотередот, според Републичкиот сеизмолошки завод беше во Витановац, на 10 км. од Краљево, на длабочина од 2 км.