Научници се обидоа да променат човечки ген заради неизлечива болест
Научници првпат се обиделе да променат ген во човековото тело, но така што да не се измени перманентно ДНК-та на лицето, и на тој начин да го излекуваат од Хантеровиот синдром.
Експериментот започна неделава. Брајан Мадо (44), интравенозно прими милијарди примероци од корективниот ген што треба да „ја пресече“ неговата ДНК на точно одредено место.
Пациентот е подготвен на секаков ризик, со надеж дека, како што вели, тоа може да им помогне и на многу други луѓе. За околу еден месец, лекарите ќе знаат дали терапијата може да успее, а за три месеци ќе се знае и конечниот одговор.
Доколку се заврши успешно, тоа ќе биде поттик за уште поинтензивни истражувања во полето на генетичката терапија. Науката и претходно успеваше да изведе промени во човечкиот ген, но во лабораторија, на извадени ќелии, кои потоа се враќаа назад во телото на пациентот. Постојат и генетички терапии што не значат промени во ДНК-та.
Сепак, овие методи можат да се користат само за неколку болести.
Ново на Сител
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите
-
Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме