Научници открија флуоросцентна жаба
Научници ја открија првата „флуоресцентна жаба“ во светот, којашто свети во темно. Откритието било сосема случајно, додека траеле испитувања на водоземци во сливот на реката Амазон во Аргентина, пишува британски „Гардијан“.
Тоа е првата жаба од таков вид, велат научниците, нагласувајќи дека флуоресценцијата ретко се сретнува кај сувоземните видови.
Заситената „вечерна“ боја на жабата доаѓа од комбинација на лимфни и жлездени течности. Досега се сметаше дека тоа хемиско соединение, кое предизвикува светлина, го нема кај ’рбетниците.
- Ова е сосема различно од флуорофорите. Откритието значи веројатност дека и другите водоземци може да бидат флуоресцентни, посебно оние со тенка кожа, како овој вид жаби, истакна Марија Габриела Лагорија, хемичарка од Универзитетот во Буенос Ариес и дел од научната експедиција.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово