Македонија
7. September 2016 - 9:12

Научна конференција за евроатлантските интеграции на РМ

По повод 25 години од независноста на Република Македонија, во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи научна конференција на тема „Меѓународните договори од XIX до XXI век и евроатлантските интеграции на Македонија“.

Конференцијата ја организира Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи во соработка со Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Институтот за национална историја и Институтот за духовно наследство на Албанците. 

- На двата панела се предвидени повеќе говорници, видни личности од научната и стручната јавност, кои ќе се обратат на теми и прашања поврзани со 25-годишнината од независноста на Република Македонија, посветени на историскиот и правно-политичкиот субјективитет на Македонија во меѓународните договори во контекст на евроатлантските интеграции на земјата, информира организаторот на конференцијата.