Македонија
30. October 2015 - 9:00

Научен симпозиум за културните врски меѓу Македонија и Србија

Во организација на конзулатот на Република Србија во Република Македонија, денека и утре во Битола ќе се одржи дводневен меѓународен научен симпозиум на тема „Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Република Македонија и Република Србија“.

На свеченото отворање на симпозиумот ќе се обратат српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ, конзулот Силјан Мицевски, градоначалникот Владимир Талески, ректорот Сашо Коруновски и претседателот на МНД-Битола, Игор Неделковски.

Годинава со свои трудови настапуваат 86 автори од двете држави, најголем дел доктори и магистри на науки, уметници и други културни уметници, и според востановената традиција, по завршувањето на симпозиумот, трудовите ќе бидат отпечатени и публикувани во Зборник.

Во рамки на симпоизумот ќе биде организирана промоција на преводот на македонски јазик на делото „Црно јагне и сив сокол“ од Ребека Вест, во превод на професорот Владимир Цветковски.