Кошарка
18. October 2016 - 17:49

Натпревари од второто коло во БИБЛ лигата

 
 Во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) на програмата се натпреварите од второто коло.
 
Денеска и утре ќе се играат четири наместо шест натпревари. преостанатите два ќе се играат кон на 20 декември.
 
Сите четири македонски екипи во БИБЛ своите средби ќе ги играат сега.
 
Вечерва во Гевгелија, екипата на Кожув  е домаќин  на бугарскиот тим Берое во дуел од група А, додека Карпош Соколи гостува кај косовската екипа Трепча – Карпош Соколи во дуел од Б група. 
 
Двата натпревари ќе започнат од 19 часот, термин во кој утре ќе се играат средбите Башкими – Куманово (група А) и Фени Индустри – Тирана (група Б).