Македонија
16. April 2017 - 16:37

Натпартиско обединување за спас на државата

На Македонија и е потребен национален консензус за заштита на националните и државните интереси сметаат експертите. По актуелните случувања и обидите на СДСМ и албанските политички партии да ја инсталираат албанската платформа според експертите токму сега е клучниот момент за натпартиско обединување и одбрана на државата.

Според нив, патоказот и манифестот кои неодамна ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ се добра основа, сите граѓани да застанат на иста страна и да испратат силна порака против идеите за редефинирање на Македонија.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела повика на обединување, потсетувајќи дека неговата партија веќе понуди решенија

На крајот од минатиот месец, ВМРО-ДПМНЕ го објави патоказот со кој побара натпартиски договор за клучните прашања односно, заеднички да се отфрлат плановите и агендите кои се надвор од македонското уставно уредување и осуда на секој обид за директна или индиректна ревизија на охридскиот договор.
Од најголемата македонска партија го објавија и Манифестот за единствена Македонија во кој понудија решенија за поголема стабилност на Владата преку бонус од 20 пратнеици за победникот на изборите како и пракса да нема надгласување на некој етникум кога станува збор за идентитеските прашања и брзо одржување на попис според меѓународни стандарди.
Сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ веднаш беа отфрлени од СДСМ. Од Бихаќка секојдневно го повторуваат ставот дека новото мнозинство ќе избере Претседател на Собранието и нова Влада, но речи си еден месец, Собранието е блокирано од процедурални забелешки.